ПРОИЗВОДИ НОВИТЕТИ ROLAND TEAM SERBIA НАШИТЕ ПРОДАВАЧИ КОНТАКТ
               
Untitled Document
 
Home За нас
 
 
Напредни технологии и иновативни идеи

Уште од основањето во 1972. година тежнеевме кон поинакви, свежи и футуристички звуци. Нашиот истражувачки и развоен тим е творец на бројни оригинални, првокласни технологии и иновативни производи, а нашата страст и посветеност кон перфекцијата е движечката сила која нé одржува на врвот помеѓу водечките произведувачи.

Roland Corporation (Rorando Kabushiki Kaisha) е производител на електронски музички инструменти, опрема и софтвер. Основана е на 18. април 1972. година во Осака (Јапонија), со основачки капитал од само 350.000 долари. Денес, седиштето на фирмата се наоѓа во Хамаматсу во префектурата Шизуока, додека фабричките капацитети се дисперзирани во Италија, Тајван, Јапонија и САД. Познат по бројните популарни синтесајзери, тапани и многу други инструменти, Roland стана едно од водечките имиња во доменот на професионалната музичка опрема уште од доцните седумдесети години.

Запознајте ги нашите брендови:

 
Брендот кој го води музичкиот свет со својата иновативна технологија Најпродаваните гитарски ефекти на светот Врвни решенија за аудио-визуелна продукција

Со децении Roland претставува еден од лидерите на полето на револуционерните технологии и иновативни производи, и како таков претставува првиот избор на музичките ентузијасти и професионалци. Roland синтесајзерите, електричните тапани и гитарските засилувачи се основна опрема на секој концертен подиум и во секое студио. Понудата на дигиталните пијана и електронските оргуљи овозможува многубројни функции и звуци за корисниците од сите профили

 

Од кога ја претстави својата прва ефект-педала во 1977. година, Boss направи вистинска револуција во гитарскиот свет со своите иновативни, историски производи, а многу од нив станаа најпродавани и обврзувачки за гитаристите.

Со понудата која вклучува и напредни мулти-ефекти и дигитални снимачи за професионални студиски снимања, Boss ги оствари соништата на сите гитаристи, од почетници до врвни професионалци

Некогашните самостојни Edirol и RSS брендови денес се обединети под Roland Professional Audio/Video брендот, кој што дава комплетни аудио-видео решенија за сите професионални примени. Понудата подразбира широк избор на SD / HD видео-миксери, презентери, конвертори, рекордери, „паметни„ миксери, аудио рекордери, како и комплетни Digital Snake системи.



Брендот Roland ги опфаќа и брендовите Rodgers и Roland DG . Rodgers оргуљите ги комбинират традицијата на истакнатиот бренд на американски оргуљи со Roland дигиталната технологија. Резултатот се возвишени и богати звуци, со исклучителен израз и флексибилност овозможена низ дигиталниот домен.

Roland DG работи во доменот на дигиталното издаваштво, нудејќи колор-печатари, плотери и 3 D -печатари.



Икутаро Какехаши,
инженер, претприемач и основач на Roland Corp.

Ikutaro Kakehashi

Основачот на Roland , Икутаро Какехаши, имал една од клучните ролји во развојот на електронските музички инструменти. На 28-годишна возраст тој решил животот да и` го посвети на музиката и пронаоѓањето на идеален електронски музички инструмент. Неговата визија за развојот на производите и пазарот отсекогаш била глобална и безгранична.

Низ својата историја, Roland креирал многубројни, повеќекратно наградувани инструменти, како и пионерски технологии, отворајќи ги новите пазари.

Концентрирајќи се на ваквите развојни програми, Roland и неговите брендови станале неприкосновена сила во светот на електронската музика и технологија.

 

MIDI & Technical GRAMMY Award

Во 1983. година, Икутаро Какехаши и Дејв Смит, председателот на Sequential Circuits, го претставиле MIDI-стандардот. Денес тој стандард е познат како обединувачки фактор на комплетната индустрија.

Оваа соработка помеѓу конкурентските произведувачи покрена нова технологија, која што овозможи комуникација помеѓу апаратите на различни произведувачи.

MIDI иницираше револуција во музичкиот свет и денес тој ги претставува протоколот, дигиталниот интерфејс и конекторите, кои овозможуваат поврзување и заедничка работа на голем број на електронски инструменти, компјутери и останати апаратури.

Во јануари 2013. година, Икутаро Какехаши и Дејв Смит ја добиле почесната награда Technical GRAMMY на американската Национална академија за снимање, токму за развојот на MIDI -протоколот

 

     

Roland COSM технологијата

COSM технологијата дигитално ја репродуцира структурата на музичкиот инструмент и им овозможува на музичарите да создаваат електронска музика која што е екстремно реална во смисла на бојата на тонот и чувството на свирање.

Roland SuperNatural технологијата

Roland SuperNatural е револуционерна технологија која овозможува автентичност, експресија и природна убавина на звукот на класичното пијано, репродуцирана на електричното пијано

Roland REAC технологијата

REAC е технологија на пренос на висококвалитетен дигитален звук преку Ethernet кабел.

Roland V-LINK технологијата

V - LINK -от го синхронизира видео-материјалот со изведбата, како на пример синхроницитетот помеѓу репродукцијата на видео-материјалот на екранот и свирениот инструмент.

       
ROLAND FORESTA

 

ROLAND FORESTA е внимателно проектирана средина (амбиент) за дигитално пијано, според вашите потреби и животниот стил. При купувањето на пијано се разгледуваат голем број на фактори како што се звукот, клавишите, дигиталните функции, дизајнот. Земајќи ги во вид многуте различни постоечки модели, важно е да се обезбеди и соодветно време за испробување и да се направи вистинскиот избор. ROLAND FORESTA ви го овозможува токму тоа – проба во конфорен и тивок простор, секогаш опремен со најновите модели од понудата.

Посетете нé во Белград и Ниш.

 
 
               
Корисни линкови   Подршка   ROLAND ARTISTS   За нас  
Roland.com   Упатства за употреба   Запознајте ги нашите корисници   Roland  
BossUS.com   Техничка поддршка       Roland Team Srbija  
Cakewalk.com   Застапник & Дистрибутер       Facebook  
RolandSystemsGroup.com   Контакт       YouTube  
Rolandplanet.rs              

2013. Roland Team Serbia. Designed by MusicAP